Дома Фудбал Луис Енрике откри кога планира да оди во пензија: Не сакам да бидам дедо покрај аут линијата!

Луис Енрике откри кога планира да оди во пензија: Не сакам да бидам дедо покрај аут линијата!

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике (56), ги сподели своите долгорочни намери, откривајќи кога точно планира да ја заврши својата тренерска кариера. Се очекува шпанскиот стратег, кој во француската престолнина постигна бројни успеси, наскоро да потпише нов, повеќегодишен договор со клубот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


И покрај достигнувањата на највисоко европско ниво, Енрике дообјасни дека не планира да остане на тренерската позиција до длабока старост. Поранешниот тренер на Барселона и шпанската репрезентација, кој сега има 56 години, поставил рок за крај на својата кариера, изразувајќи желба да избегне да биде “дедо” покрај аут-линијата.

„Не сакам да тренирам како некој дедо. Тоа не го сакам. Мислам дека после 60… Всушност, често го зафркавав брат ми Фелипе велејќи му дека ќе морам да заминам во пензија пред него. Тој е една година помлад од мене, има 55 години и ќе се пензионира на 61… Па пресметајте“, изјави тој за La Nueva España.

Ова би значело дека неговото повлекување од фудбалот најверојатно ќе се случи во 2030 година, што се совпаѓа со истекот на неговиот предложен нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ново засилување на повидок: Алонсо носи еден од своите ученици во Челси

Летната реконструкција на Челси под водство на Чаби Алонсо почнува да добива облик, а едно…