Дома Фудбал Луис Енрике: Единствена опција е победа на „Енфилд“

Луис Енрике: Единствена опција е победа на „Енфилд“

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, верува во шансите на неговиот тим да го елиминира Ливерпул и да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите. За оваа цел, сепак, Французите треба да победат во храмот на Мерсисајдците – со повеќе од еден гол разлика, бидејќи пред една недела тимот на Арне Слот ги совлада со 1:0 во Париз.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Пред нас е единствена опција – победа“, рече Енрике.

„Не сакам да правиме никакви пресметки – продолжи тој. – Сè е многу едноставно: треба уште од првата минута да играме за конечен успех. Убеден сум дека сите мои фудбалери сакаат да земат учество во натпреварот. Сите жеднееме да покажеме дека можеме да одиграме одличен натпревар. Тоа е нашата мотивација. Но, важно е и да успееме да ги контролираме нашите емоции. Нашата цел секогаш е иста: да покажеме дека сме подобри од противникот. Ако ја контролираме топката, што е главната работа во нашата игра, ќе успееме да го покажеме најдоброто од нас, па ќе видиме што ќе се случи.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ќе има големи промени во Сити: Со Гвардиола пред заминување се уште петмина фудбалери!

Иако Манчестер Сити го помина периодот на промени во генерацијата во изминативе години, за…