Дома Фудбал Лошото време му пречело на Антони да игра добро во Манчестер

Лошото време му пречело на Антони да игра добро во Манчестер

Антони објасни зошто не успеал да ги демонстрира своите квалитети во Манчестер Јунајтед. 25-годишниот Бразилец покажал сосема различно лице откако беше даден на заем во Бетис. Тој има четири голови и четири асистенции во првите десет натпревари за шпанскиот тим.

„Сончевото време многу помага, а градот (Севиља) е поубав од Манчестер“, изјави Антони.

Менаџерот на Ман Јунајтед Рубен Аморим исто така имаше објаснување за доброто претставување на Бразилецот во Шпанија, но тоа беше различно: „Кога играш против секоја екипа во Англија, физичката подготвеност е важна. Ако не си физички силен, имаш сериозни проблеми. Антони е многу подобар во Шпанија, а има многу фактори за тоа, но гарантирам дека физичката подготвеност е еден од нив“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“: Конте може да заврши во Истанбул!

Фенербахче активно бара нов тренер, а еден од водечките кандидати за улогата на главен стр…