Дома Фудбал Англија Ливерпул ја најде замената за Арнолд во Ла Лига

Ливерпул ја најде замената за Арнолд во Ла Лига

Еден од најпопуларните фудбалери на пазарот е романскиот десен бек Андреј Ратиу. Сега пристигнуваат информации дека овој фудбалер би можел да премине во редовите на Ливерпул.

Со своите настапи за Рајо Валекано, Андреј Ратиу ги импресионираше сите и привлече внимание од големите клубови. Последните месеци се говореше за негов трансфер во Барселона, но сега ситуацијата се променила.

Шпанските медиуми објавија дека репрезентативецот на Романија повеќе не е на листата на желби на Каталонците, но интересот не опаѓа.

Медиумите во Англија сега пренесуваат дека за неговите услуги е заинтересиран Ливерпул и дека би можел да биде доведен по многу поволна цена.

Трент Александер-Арнолд на лето наводно ќе замине во Реал Мадрид, а Ратиу би дошол како негова замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Можно е големо предавство: Пет години играше за Реал, а сега го сака Барса!

Пет години го носеше дресот на „кралскиот клуб“, а сега е можност да се пресели во Барсело…