Дома Фудбал Ливерпул во сериозен проблем пред дербито со Челси

Ливерпул во сериозен проблем пред дербито со Челси

Ливерпул не само што загуби бодови од Галатасарај во второто коло од Лигата на шампионите, туку се повреди и првиот голман Алисон Бекер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилскиот чувар на мрежата излезе од игра во 56. минута. Самиот Слот потврди дека повредата е од сериозна природа и дека сигурно нема да игра против Челси.

– Никогаш не е добро кога играч излегува на ваков начин и бидете сигурни дека нема да игра во сабота против Челси – рече Слот.

Сепак, Ливерпул има соодветна замена. На голот ќе застане грузискиот репрезентативец Георги Мамардашвили, кој беше донесен минатото лето од Валенсија за 30 милиони евра. Тоа што можеби повеќе го загрижува Слот е што Иго Екитике е под прашање.

– Не мислев во првиот момент дека е повреден, но Иго почувствува нешто. Рече дека не може да продолжи, така што моравме да го извадиме. Ќе видиме како ќе биде за викендот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВАР судијата од натпреварот Германија – Курасао се најде под истрага!

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) започна истрага против ВАР судијата за време на …