Дома Фудбал Ливерпул влезе во трката за најбараниот стопер во Премиер лигата

Ливерпул влезе во трката за најбараниот стопер во Премиер лигата

Кој и да има потреба од стопер, тој погледна кон Борнмут каде што игра Маркос Сенеси. Аргентинскиот дефанзивец е искусен, сигурен, добар во скокот и спокоен на топката. Накратко, сѐ што треба да има модерен стопер. Се истакна оваа сезона и стана интересен за европските гиганти.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


И со причина е најбараниот дефанзивец во Премиер лигата моментално. Извесно е дека по четири години ќе ги напушти редовите на Борнмут и ќе премине во некој поголем клуб. Дали ќе остане во Англија или не, останува да се види, но интересот за него е огромен. Последен кој се вклучи во трката е Ливерпул, како што пренесува Матео Морето, еден од најсигурните трансфер инсајдери.

На „црвените“ им е неопходна поголема ротација на стоперските позиции. Џо Гомез се повредува пречесто, а Вирџил Ван Дајк едноставно не е повеќе на врвот. Ибрахим Конате наскоро ќе добие нов договор, додека младиот Италијанец Ѓовани Леони ги скина лигаментите и дури на лето ќе се врати на теренот, така што е прашање колку ќе може да придонесе.

Како што може да се прочита, желбата на Сенеси е да остане во Англија. Покрај Ливерпул, него сакаат да го доведат и Челзи и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тодороски беше незапирлив – со два гола му помогна на ТСЦ да освои бод (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер Андреј Тодороски постигна два гола за ТСЦ во ремито (2-2) против Рад…