Дома Фудбал Ливерпул троши како да нема утре: Слот договара уште едно одлично засилување

Ливерпул троши како да нема утре: Слот договара уште едно одлично засилување

Фудбалскиот клуб Ливерпул е на чекор до постигнување договор со Борнмут за трансферот на унгарскиот репрезентативец со српско потекло, Милош Керкез.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Mладиот лев бек, кој оваа сезона настапи импресивно во дресот на Борнмут, веќе ги договори личните услови со англискиот шампион. Останува само клубовите да се договорат, информира Фабрицио Романо.

Роден во 2003 година во Врбас, Керкез помина низ младинските школи на тимови како Рапид, Ѓер и Милан, а вистински пробив направи во АЗ Алкмар меѓу 2022 и 2023. Пред две лета стигна во Борнмут, каде што се истакна како модерен дефанзивец.

Сега му се укажува можност да учи од Енди Робертсон на „Енфилд“ и најверојатно да го заземе неговото место, бидејќи шкотскиот бек имаше најслаба сезона од кога е во Ливерпул.

Се споменува дека Борнмут бара сума до 50.000.000 евра за младиот играч, кој веќе има одиграно 23 натпревари за “А” селекцијата на Унгарија.

Да потсетиме, наскоро се очекува потврда на трансферот на десниот бек Џереми Фримпонг од Леверкузен за 35.000.000 евра. Севкупно, ако ништо не се искомплицира, двата трансфера на бекови ќе го чинат Ливерпул околу 85.000.000 евра, а се планира да доведат и стопер, напаѓач и можеби играч за средниот ред.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звер од над 100 милиони го заменува Мохамед Салах во Ливерпул!

Една ера во Ливерпул завршува. Заминувањето на Мохамед Салах, а веројатно и на Вирџил ван …