Ливерпул има намера да донесе ново засилување во својот напад, и го насочува својот интерес кон извонредниот младиот Бенџамин Шешко од Лајпциг.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Овој перспективен 20-годишен напаѓач привлекува многу внимание од фудбалските великани низ светот, а британските медиуми го нарекуваат „новиот Халанд“.
Се чини дека Ливерпул во летниот трансфер период ќе се раздели со Дарвин Нуњес. Затоа се во потрага по негова замена, и Шешко е првиот на нивната листа на желби.
Летото што измина, Шешко одлучи да остане во Лајпциг, но сега е подготвен за нов предизвик во кариерата и сака да се пресели во Премиер лигата. Неговата откупна цена достигнува 70 милиони евра.