Дома Фудбал Ливерпул предложи на Интер замена меѓу Џоунс и Думфрис

Ливерпул предложи на Интер замена меѓу Џоунс и Думфрис

Преговорите меѓу Интер и Ливерпул за Куртис Џоунс се префрлија во нова фаза, откако од “Енфилд” понудија замена меѓу играчот и Дензел Думфрис.

Мерсисајдците веќе ја одбија првата понуда на “неразурите”, која беше во износ од 20 милиони фунти, бидејќи го оценуваат Џоунс со 10 милиони повеќе. Думфрис, кој беше поврзуван со Ливерпул и во претходните трансферни прозорци, има ослободителна клаузула во договорот од 25 милиони евра.

Според “Мирор” идејата за доведување на холандскиот десен бек не отпадна по отпуштањето на Арне Слот, бидејќи клубот сака уште еден играч во тој сектор, каде што имаше проблеми минатата сезона поради тешката повреда на Конор Бредли и големиот број помали повреди на Џереми Фримпонг и Џо Гомес.

Се тврдеше дека Џоунс, кој има договор со Ливерпул уште една сезона, исто така сака да замине пред сè поради Слот, но изгледа дека и во новите околности тој е подготвен да премине во Интер за да игра повеќе. Секако, од “Енфилд” треба да го разберат и мислењето на Андони Ираола, кој во следните неколку дена треба официјално да биде објавен за нов менаџер на “црвените”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потресно признание на млад фудбалер: „Таа беше љубовта на мојот живот, не сакам да продолжам со животот…“

Младиот фудбалер на Ајакс, Марк Веркајл, за прв пат јавно проговори за најголемата трагеди…