
Ливерпул упати последна понуда до Ибрахима Конате и наскоро очекува одговор, пренесува „Скај Спорт Швајцарија“ во понеделник. Англискиот шампион сака да го направи дефанзивецот еден од најскапите играчи во составот, воден од менаџерот Арне Слот. 26-годишниот Французин има договор со „црвените“ до следното лето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Управата на клубот од Мерсисајд најверојатно ќе добие одговор од Конате за неколку недели.
Ибрахима Конате и неговите агенти сè уште не донеле конечна одлука за понудата за нов договор од страна на 20-кратните прваци на Англија.
Реал Мадрид покажува интерес за дефанзивецот, кој може да реши да се пресели во шпанската престолнина како слободен агент по крајот на актуелната сезона.
Конате е во Ливерпул од 2021 година, а пред тоа го носел дресот на германскиот РБ Лајпциг и францускиот Сошо.