Дома Фудбал Англија Ливерпул и Слот во сериозен проблем: Еден од најважните во тимот ќе пропушти десет натпревари!

Ливерпул и Слот во сериозен проблем: Еден од најважните во тимот ќе пропушти десет натпревари!

Екипата на Ливерпул игра одлично од почетокот на сезоната. Тимот е првопласиран во Премиер лигата со осум бода предност пред Манчестер сити и Брајтон кој има натпревар повеќе, додека во Лигата на шампионите тие се единствената екипа со максимални пет победи.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Но, сега по дербито со Реал Мадрид Слот се соочи со проблем. Имено, во тој дуел се повреди дефанзивецот, Ибрахим Конате, а тестовите покажале дека ќе мора да паузира најмалку пет-шест недели.

Тоа значи дека ќе ги пропушти следните десет натпревари на Ливерпул кој овој тим ќе ги одигра во наредниот месец ипол.

Ливерпул утре игра против Манчестер сити, а потоа до 5 јануари кога го чека ново дерби со Манчестер јунајтед ќе игра со:Њукасл, Евертон, Жирона (ЛШ), Фулам, Саутемптон (Лига куп), Тотнем, Лестер и Вест Хем.

Во овие натпревари на местото на Конате се очекува да играат Џо Гомез и Џарел Кванс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Важен ден на „Олд Трафорд“: Детето на Јунајтед потпиша до 2031!

Талентираниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Коби Мајну (21), ја продолжи соработка…