
Еден од најпопуларните фудбалери на пазарот е романскиот десен бек Андреј Ратиу. Сега пристигнуваат информации дека овој фудбалер би можел да премине во редовите на Ливерпул.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со своите настапи за Рајо Валекано, Андреј Ратиу ги импресионираше сите и привлече внимание од големите клубови. Последните месеци се говореше за негов трансфер во Барселона, но сега ситуацијата се променила.
Шпанските медиуми објавија дека репрезентативецот на Романија повеќе не е на листата на желби на Каталонците, но интересот не опаѓа.
Медиумите во Англија сега пренесуваат дека за неговите услуги е заинтересиран Ливерпул и дека би можел да биде доведен по многу поволна цена.
Трент Александер-Арнолд на лето наводно ќе замине во Реал Мадрид, а Ратиу би дошол како негова замена.