Дома Останати Ракомет Лино Червар нов тренер на Пелистер!

Лино Червар нов тренер на Пелистер!

Екипата на РК Пелистер и официјално влегува во ново поглавје со назначувањето на легендарниот хрватски тренер Лино Червар за нов предводник на стручниот штаб. Искусниот стратег потпиша двегодишен договор и ќе го води битолскиот тим во сезоната 2025/26.

Од клубот потенцираат дека амбициите остануваат највисоки, а доаѓањето на Червар е јасен сигнал дека „зелено-белите“ сакаат дополнителен исчекор по трите шампионски титули во домашното првенство и настапите во Лигата на шампионите.

„Претставува чест да бидам дел од Пелистер, клуб со богата ракометна историја. Со моето искуство, заедно со играчите и раководството, ќе се обидеме да донесеме нова енергија и идеи, како на спортски, така и на организациски план“, истакна Червар.

Хрватскиот стручњак важи за едно од најголемите тренерски имиња во регионот. Во текот на кариерата ги предводеше селекциите на Италија, Хрватска и Македонија, а на клупско ниво работеше во Загреб и Металург. Со хрватската репрезентација освои олимписко и светско злато, додека во македонскиот ракомет остави длабока трага преку успесите со Металург и националниот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонија ја прегази Србија на стартот на турнирот во Охрид!

Македонската женска ракометна репрезентација со победа го отвори „Трофеј Македонија“, отка…