Дома Фудбал Останато Линдзи Вон ќе има трајни последици? „Првата цел беше да ѝ ја спасат ногата, постоел огромен ризик…“

Линдзи Вон ќе има трајни последици? „Првата цел беше да ѝ ја спасат ногата, постоел огромен ризик…“

Една од главните спортски теми од почетокот на оваа година е Линдзи Вон, американска скијачка која е една од најдобрите спортистки на сите времиња. Американката пркосеше на се, со 41 година и повредата што ја заработи седум дена претходно се обиде да настапи на Зимските олимписки игри, но имаше страшен пад кој би можел да и го промени животот!

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Познато е дека Линдзи Вон досега имала три операции, додека некои тврдеа дека на патеката би можела да се врати за година дена, францускиот хирург д-р Бертан Сонери-Коле даде мрачна прогноза, откривајќи дека Линдзи би можела да има доживотни последици.

Линдзи Вон ќе има долг период на опоравување.

– Откако ќе помине низ оваа критична фаза, ќе биде потребно да се постават плочки за коската да се правилно реконструира. Но, роковите се непредвидливи. Ќе поминат месеци пред да може нормално да оди – изјави Конели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Враќање на големиот шампион: Конор Мекгрегор повторно во рингот!

Се враќа еден од најдобрите борци во историјата на УФЦ. Конор Мекгрегор ќе се бори на 11 ј…