Дома Фудбал Лидс на шампионски парад пред 100.000 (видео)

Лидс на шампионски парад пред 100.000 (видео)

Околу 100.000 луѓе се собраа за шампионскиот парад на Лидс. Тимот ја освои Чемпионшип и следната сезона ќе игра во англиската елита против Ливерпул, Арсенал, Челси, Манчестер Сити, Тотенхем, Манчестер Јунајтед и така натаму.

Прославите во градот продолжија и денеска со богата парада, каде што фудбалерите го прекрстија градот качени на два отворени автобуси. Најмногу луѓе во еден момент се собраа пред Уметничката галерија во градот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Интересно е што сега ова се случува точно 12.056 дена од парадата со која Лидс го прослави своето трето и за сега последно шампионско звање на Англија. На 3 мај 1992 година јоркширците ликуваа по улиците пред 150.000 луѓе, откако триумфираа во тогашната Прва дивизија. Ова беше и последната сезона на натпреварувањето под тоа име, бидејќи од следната си ја зеде името Премиер лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни „распали“ кон ѕвездите на Јунајтед: Немате ниту страст, ниту желба…

Вејн Руни, легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, смета дека тренерот Рубен Аморим мо…