КОШАРКАРИТЕ на Чикаго Булс ги победија Лос Анџелес Лејкерсите со 119:117 со чудесен пресврт во завршницата на натпреварот и тројка на Џош Гиди од повеќе од половина терен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
НБА лигата разврската на натпреварот ја опиша како “веројатно најлудата оваа сезона”. Гиди играше одличен натпревар против Лејкерси и го заврши со трипл-дабл учинок. Постигна 25 поени, имаше 14 скока и 11 асистенции, а најспектакуларното го остави за самиот крај.
Неполни 13 секунди пред крајот Лејкерсите имаа предност од пет поени (115:110). Во преостанатото време Булси постигнаа девет поени, откако во обидите за три поени прецизни беа Патрик Вилијамс и Коби Вајт, а потоа и Гиди од својата половина со звук на сирената.