Дома Фудбал ЛЕВАНДОВСКИ ЛУТ НА УПРАВАТА НА БАРСА: Захави доаѓа во Италија за преговори, 2 клуба во игра!

ЛЕВАНДОВСКИ ЛУТ НА УПРАВАТА НА БАРСА: Захави доаѓа во Италија за преговори, 2 клуба во игра!

Роберт Левандовски има договор со Барселона до крајот на оваа сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Преговорите се заглавија, бидејќи Полјакот прима 20 милиони евра нето по сезона и управата на Каталонците бара знатно да се откаже од своите примања ако сака да остане на Камп Ноу.

Изгледа дека тоа откажување е преголемо со оглед на тоа што неговиот агент Пин Захави закажа состаноци во Италија со претставници на Милан и Јувентус. Ибрахимовиќ и Таре го сакаат Левандовски на Сан Сиро, но тој моментално прима седум пати повеќе пари од најплатениот играч на „росонерите“. Ќе мора да се откаже од голем дел ако сака во Милан.

Исто така, интерес покажа и Јувентус, па ќе чекаме да ги видиме тие состаноци и кој ќе биде расплетот на ситуацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез: Не сакам односи со Барселона која две децении ги плаќа судиите

Тензиите меѓу Реал Мадрид и Барселона повторно се разгореа по завршувањето на сезоната во …