Дома Кошарка Летаа боксови во НБА-лигата: Физичка пресметка на мечот меѓу Хјустон и Њу Орлеанс (Видео)

Летаа боксови во НБА-лигата: Физичка пресметка на мечот меѓу Хјустон и Њу Орлеанс (Видео)

Сезоната сè уште не започнала, а тензиите во НБА лигата веќе достигнуваат точка на вриење! Во претсезонскиот дуел помеѓу Хјустон Рокетс и Њу Орлеанс Пеликанс, се случи сериозна физичка пресметка помеѓу Амен Томпсон и Хозе Алварадо.

Инцидентот се случи за време на втората четвртина од натпреварот во „Легаси Арена”, кога Томпсон и Алварадо се судрија во битка за позиција по шутот на Џабар Смит Џуниор од Хјустон. Играчите се вплетаа, паднаа на паркетот, а сето тоа кулминираше со обострано туркање и гурање штом станаа.

Алварадо го повлече Томпсон на земја, а овој му врати со жестоко одтурнување, што предизвика реакција од двете страни. Во пресметката мораа да се вмешаат соиграчите за да спречат поголем инцидент – иако беше видно дека имаше удари.

Судиите веднаш реагираа – Алварадо доби лична грешка во нападот и техничка, додека Томпсон беше казнет со “флагрантен 1” фаул, што на Хјустон им донесе едно слободно фрлање, а на Пеликанс две.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спорот за селекцијата 3х3 прерасна во барање Димевски да замине од МОК

КФМ бара оставка од Даниел Димевски поради спорот околу изборот на репрезентацијата 3х3. Ф…