Дома Моторспорт Леклер најбрз во Белгија за прва победа во Ф1

Леклер најбрз во Белгија за прва победа во Ф1

Возачот на Ферари, Шарл Леклер е победник на трката во Формула 1 за Големата награда на Белгија.

Леклер вчера беше најдобар во квалификациите и денеска тргна од пол-позицијата, па на крајот стигна до првата победа.

Второто место го освои Луис Хамилтон од Мерцедес, кој на крајот имаше задоцнување зад Леклер од 0.981, а последното место на пиедесталот му припадна на Валтери Ботас. 

Себастијан Фетел мораше да се задоволи со четвртото место, а најголем трагичар беше Ландо Норис, кој цела трка беше петти, но неговиот Мекларен откажа во претпоследниот круг. 

Во текот на трката имаше и судир меѓу Макс Ферстапен и Кими Раиконен, по што Холанѓанецот мораше да се откаже.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Штип го славеше златото на Џорлев, шампионот веќе сонува сениорски врв

Марко Џорлев доби свечен пречек во Штип по кадетската светска титула во Полска. По петте п…