Дома Моторспорт Леклер четврти пат во низа до пол-позиција во Азербејџан

Леклер четврти пат во низа до пол-позиција во Азербејџан

Шарл Леклер ќе ја има пол-позицијата за утрешната Формула 1 трка во Азербејџан.

Разочарувачки настапи денеска имаа Макс Ферстапен и Ландо Норис. За Леклер ова ќе биде четврта година во низа во која освојува пол-позиција во Баку.

До него во првиот ред ќе биде Оскар Пјастри од Мекларен. Како трет заврши Саинц, а четврти Серхио Перез од Ред Бул. Шампионот Макс Ферстапен трката ќе ја започне од третиот ред и тоа како шести, петтото место беше за Расел од Мерцедес.

Место во топ 10 добија уште: Хамилтон (Мерцедес), Алонсо (Астон Мартин), Колапинто (Вилијамс) и Албон (Вилијамс).

Ландо Норис немаше добри квалификации и ќе стартува од 17. место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Ф1 подготвува големо „слабеење“: Болиди под 700 килограми и враќање на В8?

ФИА планира помали и полесни болиди со поедноставен погон. Новата ера се подготвува за 203…