Дома Фудбал Легенда ќе го наследи Раниери на кормилото на Рома?

Легенда ќе го наследи Раниери на кормилото на Рома?

Рома следната сезона треба да ја води нов тренер. Стефано Пиоли се споменуваше како опција, но изгледа дека од тоа нема ништо. Според медиумите во Италија, во моментот во игра се два имиња, од кои едното е фаворит.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според зборовите на стручњакот за трансфери на Скај Спорт Италија, Џанлука Ди Марцио, Рома нема да бара Пиоли да го замени Раниери следната сезона.

Поранешниот шеф на Милан кој сега е во Ал-Наср, порано беше поврзуван со работа на Олимпико, но според последниот извештај, не е меѓу кандидатите кои се разгледуваат за таа улога.

Според Ди Марцио, Рома го следи Цеск Фабрегас, легендарен фудбалер која сега го тренира Комо.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп има нова работа во Саудиска Арабија?

Без разлика на неодамнешното негирање од неговиот агент, Јирген Клоп наводно води преговор…