Дома Останати Кошарка Леброн Џејмс не игра за Лејкерс зашто уште не му понудиле нов договор!?

Леброн Џејмс не игра за Лејкерс зашто уште не му понудиле нов договор!?

Официјално, причината е ишијас, болка која се шири долж ишијадичниот нерв.

„Инсајдерот“ на ЕСПН, Шамс Чаранија, објави дека „Кралот“ нема да излезе на теренот пред средината на ноември.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Меѓутоа, Кевин Гарнет смета дека причината е бојкот, односно притисок кој Џејмс го врши врз сопствениците и генералниот менаџер на Лејкерс затоа што сѐ уште не му понудиле нов договор.

На легендарниот кошаркар актуелната соработка со франшизата од Лос Анџелес му истекува на крајот на сезонава (бруто платата изнесува 52,6 милиони долари). Ако тоа наскоро не се промени, Џејмс ќе стане слободен играч на 42 години.

„Знаеш на што ми наликува сето ова? Нема да го завршите тој договор? Во ред, нема проблем. Еј, Ричи (менаџерот на Леброн, Рич Пол, прим. авт.), изгаси светло. Ова е притисок, брате. Ова ти е најголемиот на сите времиња – или барем најголемиот во своето време – кој им порaчува на сите: ‘Вака ќе ги решиме работите’. Ова мириса на притисок“, зборуваше Гарнет во неговиот подкаст и малку го изненади уште еден НБА великан и соиграч од шампионските денови во Бостон, Пол Пирс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јута броеше до 150, Марканен брутален, но сите зборуваат за потегот на Нуркиќ од втората четвртина (Видео)

Кошаркарите од Јута по продолжението постигнаа победа против Чикаго Булс во натпревар во к…