Дома Кошарка Леброн Џејмс испиша нова историја: Го прескокна Мајкл Џордан

Леброн Џејмс испиша нова историја: Го прескокна Мајкл Џордан

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкер предводени од Леброн Џејмс, остварија значајна победа во НБА лигата против Атланта Хокс со резултат 119:102.

Имено, Џејмс постигна 30 поени и осум асистенции, запишувајќи го 563-от натпревар во својата кариера со најмалку 30 поени на натпревар.

Со тоа, успеа да го надмине легендарниот Мајкл Џордан за еден натпревар.

“Тоа е некој кого го обожавав во детството и го носам број 23 поради него”, изјави Џејмс по натпреварот.

Инаку, Остин Ривс додаде 20 поени, а Ентони Дејвис 18 поени и 19 скокови за Лејкерс, кои со скор 20-14 се на четвртото место во Западната конференција.

Од другата страна, Тре Јанг постигна 33 поени со девет асистенции, а Џален Џонсон додаде 19 поени.

Хокс се на седмата позиција на Истокот со 18 победи и еден пораз помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спорот за селекцијата 3х3 прерасна во барање Димевски да замине од МОК

КФМ бара оставка од Даниел Димевски поради спорот околу изборот на репрезентацијата 3х3. Ф…