Дома Фудбал Леао се пожали за тоа што му се случувало во Милан и откри каде сака да продолжи

Леао се пожали за тоа што му се случувало во Милан и откри каде сака да продолжи

Рафаел Леао веќе потврди дека ќе го напушти Милан ова лето, а сега откри и каде би сакал да продолжи да игра. Според него, прилично е сигурно дека нема да остане во италијанскиот фудбал.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Желбата на португалскиот напаѓач е Премиер лигата да биде примарна опција или Ла Лига, доколку не добие понуда од клуб во Англија.

„Сакам нов предизвик надвор од Серија А. Долго ја следам Премиер лигата и многу ми се допаѓа. Би сакал да добијам шанса да играм таму или во Ла Лига, верувам дека таму би било повеќе ценето моето умење отколку во Италија“, нагласува Леао.

Тој не криеше ни дека оваа сезона ја играше на позиција на која не се чувствува најудобно.

„Со начинот на кој тимот функционираше оваа сезона и како игравме, не мислам дека бев во услови да играм на позицијата која ми овозможува да направам разлика. Играв 4-5 месеци повреден, а и плус бев на неприродна позиција, што доведе до тоа да го дочекам крајот на мај сосема исцрпен“, додаде напаѓачот.

Во медиумите се појавија информации дека Галатасарај би можел да го повика Леао да потпише, меѓутоа, очигледно Турција не е во плановите на португалскиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заштитниот знак на Мундијалот од 2010 година е забранет за ова лето!

ФИФА официјално потврди дека вувузелите нема да бидат дозволени на стадионите за време на …