Дома Кошарка Лејкерс поништија трејд – проблем се лекарските прегледи

Лејкерс поништија трејд – проблем се лекарските прегледи

Лос Анџелес Лејкерс се соочија со нов проблем во потрага по центар, односно Марк Вилијамс нема да го засили тимот!

Иако договорот со Шарлот беше постигнат, трампата беше откажана во последниот момент бидејќи поранешниот играч на Хорнетс не ги помина лекарските прегледи.

Се очекуваше дека тој ќе донесе цврстина во рекетот по заминувањето на Ентони Дејвис во Далас, но сега Лос Анџелес мора да бара ново решение.

Во меѓувреме, Кем Редиш останува во составот, додека управата се насочува кон пазарот на слободни агенти со надеж дека ќе најде соодветно засилување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спорот за селекцијата 3х3 прерасна во барање Димевски да замине од МОК

КФМ бара оставка од Даниел Димевски поради спорот околу изборот на репрезентацијата 3х3. Ф…