Дома Фудбал Лацио доживеа неочекуван пораз во Норвешка

Лацио доживеа неочекуван пораз во Норвешка

Италијанскиот прволигаш Лацио доживеа неочекуван пораз на гостувањето во Норвешка, каде што беше совладан од Бодо/Глимт со 2-0 во првиот натпревар од четвртфиналната фаза на Лига Европа.

Иако на хартија важеше за фаворит, тимот од Рим не успеа да ја оправда улогата и се соочи со организиран и мотивиран противник. Домашната екипа одигра дисциплинирано и искористи две шанси во второто полувреме за да стигне до значајна победа.

Херој на вечерта беше Улрик Салтнес, кој двапати ја матираше одбраната на Лацио. Првиот погодок го постигна веднаш по почетокот на вториот дел, во 47. минута, а вториот – за конечни 2-0 – следеше во 69. минута, со што ја потврди предноста на Бодо пред реваншот во Рим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити има седум од седум, но Вила знае како да го запре лидерот

Манчестер сити гостува кај Астон вила со максимален учинок во Премиер лигата, но тимот на …