Дома Фудбал Ла Лига одлучи: Ова е терминот за последното „Ел Класико“ оваа сезона

Ла Лига одлучи: Ова е терминот за последното „Ел Класико“ оваа сезона


Шпанската Ла Лига го објави распоредот за натпреварите од 35. коло, каде што ќе се одигра најголемото светско дерби, Ел Класико помеѓу Барселона и Реал Мадрид.

Овој натпревар ќе се одигра на Камп Ноу, а почетокот е закажан за 21 часот.

Како што е познато, тимот на Ханси Флик може токму пред овој натпревар и официјално да ја обезбеди титулата шампион.

Барса во моментов е на врвот на табелата со 79 бодови, девет повеќе од второпласираниот Реал Мадрид.

Доколку Барселона ја освои титулата, тоа ќе биде нивниот втор трофеј оваа сезона, имајќи го предвид и Суперкупот на Шпанија, додека Реал Мадрид ќе остане без трофеј втора година по ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барди: Ќе го оставиме срцето на терен, овој стадион е наш дом!

Капитенот Енис Барди присустввуваше на денешната прес-конференција пред утрешниот натпрева…