Дома Фудбал Ла Лига донесе одлука: Познато кога Барселона и Осасуна ќе го одиграат одложениот натпревар

Ла Лига донесе одлука: Познато кога Барселона и Осасуна ќе го одиграат одложениот натпревар

Средбата помеѓу Барселона и Осасуна што требаше да се одигра на 8 март, но беше одложена поради смртта на клупскиот лекар на “Блауграна”, Карлес Минар, ќе се одигра во четврток на 27 март, објави денеска Фудбаската федерација на Шпанија..

Според пишувањата на шпанските медиуми, каталонскиот клуб планира да поднесе жалба, со образложение дека некои од нивните играчи, како Бразилецот Рафиња и Уругваецот Роналд Араухо, треба да играат за нивните репрезентации во Јужна Америка два дена претходно и нема да имаат време да се вратат во Барселона.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Изборот на овој датум не одговара ниту на Осасуна, која игра натпревар против Атлетик Билбао во Сан Мамес само еден ден подоцна, на 28 март. Барселона моментално е водечка во шпанското првенство со ист број на бодови како и второпласираниот Реал Мадрид (60), но со подобра гол-разлика (+48 наспроти +32) и еден натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…