Дома Македонски спорт Мак ракомет Кузманоски: Покажавме како се игра за Македонија

Кузманоски: Покажавме како се игра за Македонија

 Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски не го криеше задоволството после победата над Катар на Мундијалот.

Македонија го забележа вториот триумф на Светското првенство совладувајќи го Катар со 39:34.


Дерби на Италија во Серија А и битка за титула во Бундеслига ↓↓↓


„Кажав и пред натпреварот дека одиме на победа. Верував во мене, верував во момците, ова е награда за сите наши натпревари што се боревме и што немавме среќа во последните минути да издвојуваме победа. Ова е голема награда за сите нас што бевме максимално пожртвувани, за нашите семејства, за Македонија“.

„Горд сум на момците, се наоѓам под емоции и многу сум сум среќен поради оваа победа. Зад нас оставаме едно добро првенство, покажавме како треба да играме за Македонија и продолжуваме напред. Пред натпреварот се почувствува умор, малку сме потрошени, но одигравме како тим, изгинавме сите за еден“, изјави Кузмановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Официјално: Димоски го засили Партизан

Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски ја продолжува кариерата во српскиот гигант Парт…