Дома Фудбал Куртоа се враќа во репрезентацијата на Белгија по две години

Куртоа се враќа во репрезентацијата на Белгија по две години

По речиси две години, Тибо Куртоа се враќа во репрезентацијата на Белгија!

Според информациите на бројни европски медиуми, славниот голман повторно ќе застане меѓу стативите, по разговорот со новоименуваниот селектор Руди Гарсија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Чуварот на мрежата кој 102 пати го бранел голот на националниот тим, последниот натпревар за репрезентацијата го одигра на 17 јуни 2023 година против Австрија во квалификациите за ЕВРО 2024. Селектор на Белгијците тогаш беше Доменико Тедеско, со кого Куртоа тогаш влезе во конфликт околу капитенската лента, по што повеќе не стоеше на голот.

„Сите заедно ја донесовме одлуката Лукаку да биде капитен против Австрија, а Тибо да ја добие лентата во следниот натпревар. По тој натпревар ми пријде, рече дека сака да разговара со мене и дека се враќа дома бидејќи е разочаран и навреден“, истакна тогаш италијанско-германскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…