
Денеска македонските фудбалски терени ќе гледаме возбудувања во Купот на Македонија во кој ќе се играат двата реванш дуели од полуфиналето.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Најтрофејниот македонски клуб, Вардар, практично го реши прашањето околу финалистот уште во првиот натпревар против Брера, откако во Скопје запиша убедлива победа од 3-0. „Црвено-црните“ сега се со една нога во финалето, а струмичкиот тим ќе мора да приреди вистинско фудбалско чудо пред своја публика ако сака да остане во игра за трофејот.
Многу понеизвесно е на запад, каде што Струга ќе ја брани минималната предност од 2-1 против Шкендија. Тетовци поведоа преку Рамадани, но домашниот тим покажа карактер и преку погодоците на Укпа и Радески направи комплетен пресврт. Вториот натпревар ветува жестока битка за место во финалето.
Двете средби ќе започнат денеска во стандардниот термин од 16:00 часот.
Фото: Брера Струмица/ФБ