
Францускиот дефанзивец Жул Кунде реши да реагира откако шпанските медиуми објавија што наводно рекол на Џузепе Меаца кога Ханси Флик го внесе во игра Роберт Левандовски. Сепак, Кунде се огласи и директно ја прозва новинарката која тоа го објави вчера на социјалните мрежи.
Барселона во вторникот беше поразена во Милано од Интер со 4:3 во спектакуларното реванш полуфинале на Лигата на шампионите и не успеа да се пласира во финалето.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Каталонците водеа со 3:2 и беа чекор понапред кон финалето, но Интер преку Ачерби во 93-тата минута израмни на 3:3 и со продолжетоци, со голот на Фратеси, направи целосен пресврт и ја исфрли Барселона.
По натпреварот, во шпанските медиуми се појави интересна информација за Жул Кунде. Французинот го гледаше натпреварот од трибините бидејќи не беше во составот поради повреда, и наводно имал коментар кога видел дека Флик го внесе Левандовски во 91. минута.
„Не знам зошто игра, не е во состојба ништо да направи, не е целосно закрепнат“, наводно рекол Кунде според каталонското радио Каталуња што подоцна го пренесе и каталонскиот Спорт.
Сепак, се покажа дека тоа не е точна информација, бидејќи Кунде се огласи јавно за да го демантира тоа.
Покрај медиумите, тој директно ја „пецна“ и новинарката Лаиа Тудел која прва ја објави информацијата, а покрај Каталонското радио за кое таа работи, тоа го објави и каталонскиот Спорт, по што таа вест ја пренесоа многу медиуми.
„Измислување изјави и раскажување приказни е добро, но тоа не е новинарство. Новинарството исто така не е пренесување лажни информации како вистински. Сега слободно можете да го споделите овој мој твит“, порача Кунде.
Фото: Принткрин