Дома Фудбал Крос го избра најдобриот фудбалер во светот кој никогаш нема да дојде во Реал: Подобар е и од Јамал

Крос го избра најдобриот фудбалер во светот кој никогаш нема да дојде во Реал: Подобар е и од Јамал

Тони Крос е за многумина најдобриот среден играч на сите времиња. Тоа најдобро се видов во првата сезона откако се пензионираше, бидејќи средината на Реал Мадрид целосно ја изгуби рамнотежата со заминувањето на легендарниот Германец.

Крос поголем дел од кариерата го помина во Реал Мадрид, и интересно е што за најдобар среден играч моментално во светот го избра играчот кој никогаш нема да потпише за Кралевите.

Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


И додека многумина имаат наклонетост кон поранешните соиграчи и некогашните клубови при изборот за најдобри, Германецот секогаш се одликуваше со отвореност и објективност.

Така за најдобар среден играч го избра Педри од Барселона, млад фудбалер кој во блиската иднина ќе стане нова икона на Каталонците.

„Според мое мислење, Педри е моментално најдобар на таа позиција“ рече Крос и продолжи:

„Педри, воопшто, е играч кој ќе ви недостасува кога не игра, без разлика против кој противник“, додава тој.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Мурињо прави будали од сите нас, ја уништува екипата со ароганција и его“

Фенербахче во 32. коло од турското првенство го доживеа болниот пораз од најголемиот ривал…