Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Кристијано Роналдо и Пандев го предводат тимот од играчи на кои ова им е последно ЕП

Кристијано Роналдо и Пандев го предводат тимот од играчи на кои ова им е последно ЕП

Со синоќешниот натпревар помеѓу Италија и Турција официјално беше отворено 16. Европско првенство во фудбал.

Нема сомнение дека не очекуваат голем број на интересни натпревари со оглед дека на турнирот играат најголемите ѕвезди на најсилните европски репрезентации.

За многумина од нив ова ќе биде последни Европско, со оглед на нивните години.

Британски „The Sun“ го избра најсилниот тим од фудбалери за кои ова ќе биде последен турнир.

Па така, во друштво на Кристијано Роналдо кој го предводи овој тим се најде и нашиот капитен Горан Пандев.

Ова е уште едно признание за нашиот Гоче за неговата блескава кариера, како клупска, така и репрезентативна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…