Дома Фудбал Кристијано Роналдо ја открива тајната на успехот: Без ова не би играл ни до 30!

Кристијано Роналдо ја открива тајната на успехот: Без ова не би играл ни до 30!

И покрај тоа што во февруари наполни 40 години, легендарниот Кристијано Роналдо не покажува знаци дека планира да се повлече од играњето фудбал.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Напротив, португалската суперѕвезда има планови да продолжи да игра професионален фудбал за Ал Наср уште неколку сезони, а сега откри една од клучните тајни на неговата долговечност на теренот.

Добро познато е дека Роналдо внимава на своето тело и на процесот на опоравување, а особено ја истакнува важноста на сонот:

„Сонот е најважната алатка која ја поседувам,“ истакна Роналдо.

Еден од најдобрите фудбалери во историјата објасни дека клучот за одржување на формата е конзистентноста:

„Трикот е во тоа да бидам постојан во времето кога легнувам да спијам и кога се будам.“

Неговата секојдневна рутина изгледа вака:

„Во кревет одам околу 11 или 12 часот навечер, а се будам околу 8:30 наутро. Тоа е мојот ритам.“

Роналдо е убеден дека сонот е основата на здравјето, особено за професионалните спортисти:

„Сонот е веројатно најважната работа што ја имаме во животот кога станува збор за здравјето.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Никој не го очекуваше ова од Дембеле на крајот од натпреварот во Минхен, а најмалку ѕвезда на Барселона (Видео)

ПСЖ се пласираше во големото финале на Лигата на шампионите каде ќе ја брани титулата шамп…