Дома Кошарка Крај на шпекулациите: Познато кои се желбите на Леброн Џејмс

Крај на шпекулациите: Познато кои се желбите на Леброн Џејмс

Леброн Џејмс не побарал трејд ниту раскинување на договорот со Лос Анџелес Лејкерс, потврдено е од повеќе извори блиски до клубот и лигата, пренесува The Athletic.

Џејмс(40), кој во декември ќе наполни 41 година, е во последната година од важечкиот договор со Лејкерс, а крајот на јуни одлучи да ја искористи опцијата за продолжување на соработката за сезоната 2025/26.

Агентот на играчот и директор на агенцијата Klutch Sports, Рич Пол, изјави дека Лејкерс градат тим за иднината, додека Џејмс сè уште сака да се бори за шампионската титула. 

Потврди дека постои взаемно разбирање и почитување на долгогодишното партнерство со управата на клубот.

Претседателот на кошаркарските операции на Лејкерс, Роб Пелинка, негираше дека има каква било напнатост во односите со тимот на Џејмс и истакна дека комуникацијата е “отворена и позитивна”.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спорот за селекцијата 3х3 прерасна во барање Димевски да замине од МОК

КФМ бара оставка од Даниел Димевски поради спорот околу изборот на репрезентацијата 3х3. Ф…