Дома Фудбал Крај на сагата? Влаховиќ прифати услови во новиот клуб

Крај на сагата? Влаховиќ прифати услови во новиот клуб

Трансфер сагата наречена Душан Влаховиќ продолжува!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус веќе подолго време сака да се ослободи од него, пред сè поради неговата голема плата, а изгледа дека пронајдоа решение

„Старата дама“ ја одреди цената. Јувентус би го пуштил Влаховиќ за 30 милиони евра. Тоа е повеќе од 50 милиони евра помалку од кога го донесоа од Фиорентина во 2022 година. Тогаш поранешниот напаѓач на Партизан пристигна на „Алијанц стадион“ за 81,6 милиони евра.

Сепак, купувач изгледа е пронајден, но Јуве ќе добие и помалку од 30 милиони!

Станува збор за голем ривал на Јувентус, екипата на Милан што ја предводи од клупата поранешниот тренер на Влаховиќ, Масимилијано Алегри. Според пишувањето на италијанските медиуми, Милан договорил трансфер и Влаховиќ ќе има плата помеѓу шест и седум милиони евра. Јувентус ќе добие 15 милиони евра и Саламехерс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шоу над Мадеира: Родниот град на Роналдо на спектакуларен начин му кажа благодарам

Иако Светското првенство не му донесе големи емоции на крајот, Мадеира реализираше нешто н…