Дома Фудбал Крај на сагата, Алфонсо Дејвис стави потпис

Крај на сагата, Алфонсо Дејвис стави потпис

Сагата околу иднината на левиот бек Алфонсо Дејвис заврши, останува во Баерн Минхен до 2030 година.

Договорот на Дејвис со Баварците истекуваше на лето и тој беше слободен да преговара со други клубови.

Силен интерес за левиот бек покажуваше Реал Мадрид, но и клубовите од Премиер лигата, сепак Баерн успеа да го убеди да остане во Минхен.

Канаѓанецот на крајот ги прифати финансиските услови и стави потпис на нов договор до 2030 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем следи бразилски голман, но во трката има уште четири клуба

Дваесетгодишниот Отавио од Крузеиро го привлече вниманието на Тотенхем. Конкуренцијата е с…