Дома Фудбал Контe остана без уште еден адут во завршната трка за шампионската титула

Контe остана без уште еден адут во завршната трка за шампионската титула

Наполи ќе влезе во финалните борби за Скудетото без својот стопер Алесандро Бондџорно, кој во победата против Торино (2:0) пред два дена се повреди и ја заврши сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бондџорно го напушти теренот во 64. минута, веднаш се виде дека ситуацијата не е добра, а првите анализи покажаа повреда на бедрениот мускул која бара рехабилитациски процес.

Според информациите од Џанлука Ди Марцио од “Скај Спорт Италија”, повредата е сериозна и Бондџорно повеќе нема да игра оваа сезона.

Наполи е многу блиску да стане шампион на Италија по втор пат во три години. Четири кола пред крајот на Серија А е лидер на табелата со 74 бода, што е три повеќе од бранителот на титулата Интер.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Младински репрезентативец на Македонија го засили Тиквеш!

Фудбалскиот клуб Тиквеш го реализираше второто засилување во летниот преоден рок, ангажира…