Дома Фудбал Конте го „истера“ своето: Португалецот по повеќе од седум години го напушти Наполи

Конте го „истера“ своето: Португалецот по повеќе од седум години го напушти Наполи

Искусниот португалски фудбалер Марио Руй повеќе не е дел од Наполи бидејќи италијанскиот клуб со заемна согласност го раскина договорот со дефанзивецот кој во последните седум и пол години беше член на тимот од стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


И покрај тоа што со години наназад важеше за еден од понадежните странични одбранбени играчи во Серија А, искусниот Руй веќе подолго време не е во плановите на тренерот Антонио Конте, па ваквиот исход на некој начин беше и очекуван.

Руй дојде во Наполи од Рома на почетокот на јули 2018 година и веќе во дебитантската сезона покажа дека ќе биде големо засилување за италијанскиот тим.

Најголемиот успех со Наполи го оствари со освојување на Скудетото претпрошлата година кога тимот од југот на Италија на доминантен начин дојде до голем подвиг.

„Наполи и Марио Руй соопштуваат дека заедно се договориле да го раскинат тековниот договор почнувајќи од 30 декември 2024 година. Наполи му се заблагодарува на Марио за залагањето во текот на годините поминати во нашиот дрес и му посакува се најдобро до крајот на кариерата“, стои во соопштението на клубот кој го зазема второто место во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алварез е бесен пред финалето, не го очекувал потегот кој го направи Атлетико

Сагата помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид околу трансферот на Хулијан Алварез продолжува, …