Дома Фудбал Конте е немилосрден – веќе бара замена за Де Брујне, познато е и кој е најголемата желба

Конте е немилосрден – веќе бара замена за Де Брујне, познато е и кој е најголемата желба

Во Наполи нема време за жал. Иако Кевин Де Брујне пристигна како големо засилување и еден од најзвучните трансфери ова лето, Антонио Конте веќе размислува како да најде соодветна замена за белгискиот играч од средниот ред.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кевин Де Брујне се повреди пред неколку недели и според информациите од Италија, нема да биде подготвен за враќање на теренот до февруари 2026 година.

Според информациите кои ги пренесува италијанскиот портал „Туто Меркато Веб“, Наполи веќе го нашол името кое би можело да ја пополни празнината – Коби Меину, талентираниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед.

Англичанецот оваа сезона е целосно испаднат од првите планови кај Рубен Аморим. Португалецот го промени системот и даде предност на други играчи, поради што Меину се почесто останува на клупата или надвор од составот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Едно од најскапите селфиња во историјата на спорт: Меси, Дурант, Родри, Ѓоковиќ…

Тешко е да се замисли фотографија на која се собрани толку многу спортски легенди. Во када…