Дома Фудбал Контактите веќе се воспоставени: Бензема се враќа во Европа на голема врата

Контактите веќе се воспоставени: Бензема се враќа во Европа на голема врата

Карим Бензема веќе две години игра во Саудиска Арабија, но се појави информација дека францускиот напаѓач неочекувано би можел повторно да се врати во Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бензема го изненади фудбалскиот свет кога летото 2023 година реши да го напушти Реал Мадрид и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Во Реал помина дури 14 години, но на крајот не го продолжи договорот затоа што од Ал Иттихад доби понуда која не се одбива, и се согласи да ја напушти најголемата фудбалска сцена и да замине на далечниот исток.

Бензема има договор со Ал Иттихад до крајот на оваа сезона, но многумина ги изненади информацијата дека тој би можел веќе на зима да се врати во Европа.

Овој 37-годишен напаѓач е на мета на Фенербахче кој е подготвен да направи сè само за да го убеди Бензема да се приклучи на клубот од Истанбул.

Во Фенер не се задоволни од игрите на Џон Дуран кој е на заем од Ал Наср и веројатно истиот заем ќе биде раскинат веќе во јануари, па се обидуваат да доведат напаѓач кој ќе биде лидер на овој тим.

Желбата на раководството на Фенербахче е токму Бензема со кој веќе воспоставиле контакт и се обидуваат да го убедат да се врати во Европа во залезот на кариерата и да потпише договор до летото 2027 година со турскиот великан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каква сцена за Босанците: Стујардеса на летот за Сиетл ги изненади со големиот хит (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео снимка од авионот со навивачите на Босна и Херцеговин…