Фудбалскиот клуб Милан повторно тргнува од почеток. Серхио Консеисао не ги исполни очекувањата, иако започна одлично, со освојување на трофеј во Суперкупот на Италија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Газета дело Спорт“ утрово открива дека Роберто Де Зерби повторно е опција број еден.
Тој и летово беше поврзуван со Милан, но не дојде до договор, па избра Олимпик Марсеј. Инаку, не е тајна дека Де Зерби е голем фан на Милан и никогаш не криел дека неговиот сон би се остварил ако ја преземе клупата на „росонерите“.
Проблем е што Де Зерби има договор со Марсеј до летото 2027 година и францускиот клуб нема така лесно да го пушти.
Како други опции се споменуваат и познати имиња, Антонио Конте и Масимилијано Алегри, иако тие не ја добија целосната поддршка од управата на Милан.