Дома Фудбал Конечна пресуда: Робињо осуден на 9 години затвор

Конечна пресуда: Робињо осуден на 9 години затвор

Бившиот бразилски фудбалер Робињо и некогашна ѕвезда на Реал Мадрид и Милан, беше осуден на 9 години затвор во Италија поради групно силување, пренесува „О Глобо“.

Пресудата на Робињо е уште од 2017 година, но неговите адвокати не успеаа да ја соборат пресудата ниту со жалба на последната судиска инстанца.

Робињо беше осуден поради групно силување кое се случило во 2013 година, кога фудбалерот и уште неколку пријатели силувале албанска девојка во Италија.

Во моментов Робињо живее во Бразил и не може да биде екстрадиран во Италија, но италијанските власти се надеваат дека фудбалерот ќе ја одлежи казната во родната земја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…