Навивачите на Вардар пред натпреварот со Тиквеш испратија апел на овој дуел кој требаше да се игра утре да се дојде со македонско знаме.
„Комити“ обезбедија бесплатен влез за секој кој ќе го носи македонското знаме, сепак Фудбалската федерација во договор со МВР ги одложи сите натпревари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од Вардар сега информираа дека натпреварот ќе се игра во вторник, но апелот на навивачите повторно нема да може да се исполни бидејќи натпреварот ќе се игра без публика.
Федерацијата испратила известување до сите клубови натпреварите кои се одложени да се одиграат без присуство на гледачи.