Дома Останати Тенис Кои се шансите на Ѓоковиќ против Алкараз?

Кои се шансите на Ѓоковиќ против Алкараз?

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз ќе се борат за финалето на УС Опен. Ѓоковиќ утрово го победи Тејлор Фриц со четири сета 3:1 и го закажав деветтиот меѓусебен дуел со вториот играч во светот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Алкараз во четвртфиналето го победи Јиржи Лехечка, без големи проблеми како и во сите претходни натпревари во Њујорк, каде досега не загуби ниеден сет.

Кога се погледне статистиката на Ѓоковиќ и Алкараз на годинешниот УС Опен, прилично се израмнети.

Ѓоковиќ има 62,1 проценти успешност на првиот сервис, додека Шпанецот е за нијанса подобар (65,9).

На првиот сервис Новак освојува 83,7 проценти поени, а Карлос 84,9 проценти.

Алкараз е значително подобар кога станува збор за вториот сервис (71,2 проценти), додека седмиот светски тенисер има 61,6 проценти освоени поени кога го убави вториот сервис.

Ѓоковиќ, од друга страна, е далеку подобар кога станува збор за реализација на брејк топки (23/53, 50,9 проценти), додека Алкараз искористил 23 од 60 што ги имал до четвртфиналето (38,3 проценти).

Веројатноста Ѓоковиќ да победи е 26 проценти, додека Алкараз има шанси од 74 проценти да се најде во финалето.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…