Дома Фудбал Клубовите и навивачите разочарани кога слушнаа каде ќе се игра Светското клупско првенство во 2029 година.

Клубовите и навивачите разочарани кога слушнаа каде ќе се игра Светското клупско првенство во 2029 година.

Светското клупско првенство оваа година за првпат се играше во нов формат откако FIFA воведе промени, а најважното е што ова натпреварување ќе се игра секои четири години.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред ова, Светското клупско првенство се одржуваше секоја година обично среде сезона, а сега FIFA одлучи да се игра откако тимовите ќе завршат со настапите во другите натпреварувања.

Иако наградите се навистина огромни, и FIFA вложи многу пари во промоцијата на натпреварувањето, на крајот не успеаја да привлечат толку навивачи колку што се надеваа.

За време на натпреварите во Америка, трибините беа најчесто полупразни и покрај тоа што имаше навистина добри натпревари.

Сепак, FIFA веќе интензивно се подготвува за Светското клупско првенство кое ќе се одржи по четири години и било најавено дека клубовите кои ќе учествуваат ќе добијат уште поголеми парични награди.

Меѓутоа, уште од почетокот, клубовите и навивачите се разочарани кога слушнаа каде ќе се одржи следното издание на ова натпреварување.

Објавено е дека FIFA планира да ја избере Катар како следна дестинација што не беше прифатено од фудбалската јавност и покрај тоа што оваа земја пред скоро четири години беше одличен домаќин на Светското првенство.

Сепак, навивачите порачаа дека изборот на Катар како домаќин не е добар и дека споменатото натпреварување треба да се игра некаде во Европа ако FIFA сака исполнети трибини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Деко го доведе Родри, па веднаш ја напушти Барселона: Навивачите нетрпеливо ја чекаат сабота

Деко направи уште една неверојатна работа бидејќи Родри веќе потпиша договор со Барселона,…