Дома Фудбал Клоп за трансферот на Вирц: Ќе биде фантастично

Клоп за трансферот на Вирц: Ќе биде фантастично

Јирген Клоп го поздрави својот поранешен клуб Ливерпул за ангажирањето на германската ѕвезда Флоријан Вирц.

“Ова ќе биде апсолутно фантастично, сигурен сум во тоа”, изјави Германецот во интервју за RTL.

“Многу е тешко да се засили тимот кога си шампион. Но Ливерпул успеа. Тие потпишаа со извонреден талент како Флоријан Вирц. Со нетрпение очекувам да го видам. Ќе биде одлично”, додаде Клоп.

Ливерпул потпиша со 22-годишниот играч од вицешампионот во Бундеслигата, Бајер Леверкузен, а договорот со бонусите ќе чини околу 140 милиони евра. Вирц потпиша договор на пет години. “Црвените” ќе ја започнат одбраната на титулата во Премиер лига на “Енфилд” на 15 август против Борнемут.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Необични сцени во Шпанија: Фудбалерите по почетниот удар одбија да играат и испратија силна порака (Видео)

Натпреварот од втората шпанска лига помеѓу Сеута и Лас Палмас имаше необичен почеток. Фудб…