Дома Ракомет Кизиќ блеска, Шишкарев и Скубе загреваат со атракции – Вардар одличен на полувреме! (ФОТО+ВИДЕО)

Кизиќ блеска, Шишкарев и Скубе загреваат со атракции – Вардар одличен на полувреме! (ФОТО+ВИДЕО)

Денес Вардар игра исклучително важен натпревар во Лигата на шампионите против Мотор.

Вардар и покрај сите проблеми започна одлично. Мотор поведе со 0:1, но потоа следуваше серија на Вардар од 4:0 за предност од +3 (4:1). Не застана Вардар туку зголеми и на највисоки +5 (7:2). Неколку минути потоа следуваше изедначена игра, за потоа гостите да започнат да ја намалуваат негативата.

Во 22 минута Мотор стигна и на -1 (11:10). Бидејќи се гледаше дека нешто не оди, Алушовску повика тајм-аут.

По тајм-аутот на Алушовски Вардар повторно го крена нивото на игра и дојде на +3 (13:10).

Кога Вардар имаше +3 тренерот на Мотор повика тајм-аут, меѓутоа ниту тоа не го поремети Вардар. Марко Кизиќ блескаше на голот, а Вардар на минута пред крајот дојде до највисоките +6 (10:6). Мотор во финишот постигна гол за 16:11 на полувреме.

Момент кој треба да се издвои од првото полувреме е и цепелинот на Скубе и Шишкарев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Узунчев со два гола против Алборг, Целје остана без бодови

Димитар Узунчев реализираше два од трите шута во поразот на Целје кај Алборг со 34-30. Мак…