Дома Фудбал Кикс на Арсенал, Ливерпул веќе ја „стави едната рака“ на трофејот! (Видео)

Кикс на Арсенал, Ливерпул веќе ја „стави едната рака“ на трофејот! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал направија нов голем кикс во Премиер лигата, бидејќи во 31. коло не успеаја да го совладаат Евертон на Гудисон Парк, а резултатот беше нерешен 1:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тренерот Микел Артета изведе комбиниран состав на ова гостување, чувајќи ги главните фудбалери како Мартин Одегард и Букајо Сака за натпреварот со Реал Мадрид во вторник, но и покрај тоа Топџиите играа одлично во воведните минути.

Арсенал го стегаше обрачот околу голот на Карамелите, чиешто одбрана попушти во 34. минута, кога Леандро Тросард погоди за 1:0 на асистенција на Рахим Стерлинг.

Сепак, во продолжението Евертон успева да даде удар, бидејќи во 49. минута беше досуден пенал за домаќините. Илиман Ндјае ја презеде одговорноста и погоди за 1:1.

Подоцна, Тросард пропушти голема шанса за победа на Арсенал, но во ситуацијата еден на еден беше спречен од извонредниот голман Џордан Пикфорд.

Арсенал така направи нов кикс и му овозможи на Ливерпул да влезе сосема мирно во финишот на сезоната, во која дефинитивно ќе ја освои титулата шампион на Англија.

Сега Црвените можат да започнат со ладење на шампањот со кој ќе го прослават освојувањето на Премиерлигата, бидејќи имаат 11 бода повеќе од Арсенал со еден натпревар помалку.

Евертон со освоениот бод дополнително се приближи кон осигурување на опстанокот во првата лига.

Фото: Arsenal.com

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд: Одлуките секогаш се во корист на големите, го знам тоа од Сити

Синоќа, Норвешка беше елиминирана од Светското првенство по поразот од Англија со 2:1 во ч…